Бора Ѓорѓевиќ ќе биде испратен со својот голем хит


Ковчегот со телото на починатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ денеска, 5 септември, во вечерните часови треба да пристигне во Чачак.

Телото ќе биде сместено во капелата на Општата болница Чачак до погребот кој е закажан за в сабота.

Комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура Чачак лоцирана на плоштадот Народно востание во 11 часот.

Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути.

– Знаеме дека на последниот пат ќе го испратат голем број луѓе, од неговите обожаватели до нашите најпознати музичари, неговите пријатели – изјави градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, важна улога за време на испраќањето на Бора Чорба на Градските гробишта во Чачак ќе има хорот на гимназијата во градот, кој за време на погребот на легендарниот музичар ќе ја отпее рокенрол химната „Погледај дом свој, анѓеле“.

05.09.2024 - 21:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега