Борко Ристовски: Ако ми кажат дека ме изневерила одам дома и мењам брава

 

Велигденското издание на „Нешто конкретно“ го одбележаа тројца музичари и еден спортист, а зборуваа на тема „пријатели“. Колку вистински пријатели можеме да имаме во денешницава, дали е вистина дека тие веќе не може да се избројат ниту на две раце, одговорите ќе ги добиеме од Бојана Скендеровски, Борко Ристовски, Иван Јованов од Либеро бенд и Марјан Мац Петровски познат како диџеј Матс. Кога на нашите гости им дадовме задача на велигденските јајца да ги нацртаат своите пријатели не требаше многу да се мислат кој да биде тоа затоа што, како што и самите кажаа, вистинските пријатели се ретки и ги нема многу на број.

Иван беше прашан дали има пријатели што ги нема, а тој одговори дека пријателите ги нема ги изгубил во незгода и додаде дека со никого во животот не се скарал па ниту со најголемите душмани.

Бојана издвои случка во која била сведок на оговарање на нејзина пријателка во маркет, но не останала должна, како вистински пријател таа ги засрамила оние што озборувале, целата случка раскажана од неа погледнете ја во епизодата која веќе е достапна на нашиот YouTube канал.

Што е со неверствата? Како тие ги доживуваат истите и што прават откако ќе дознаат за тоа?

Дознајте дали алкохолот оди со музиката и спортот кога тие ти се професија; кој е најдобар во кршење велигденски јајца; зошто мажот секогаш мора да ја плаќа сметката во ресторан... гледајте ја најновата епизода и следете не на социјалните мрежи каде заедно ќе ги коментираме овие теми.

18.04.2023 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега