„Божиќната ѕвезда“ ќе се појави на небото на 21 декеври -Појава која се случува еднаш на 800 години

 

Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем ќе бидат поблиску од кога било за создавање на „Божиќната Sвезда“. Јупитер и Сатурн ќе бидат на иста линија на 21 декември и ќе формираат двојна планета.

Ретката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира.

Орбитите на Јупитер и Сатурн се на една линија на секои 20 години и двете планети се доближуваат многу една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека орбитата на Сатурн трае 30 години.

Експертот за астрономија, Патрик Хартиган, објасни за Форбс дека врската меѓу двете планети е навистина многу ретка и дека луѓето навистина ќе имаат среќа да видат таков феномен.

Врските помеѓу овие две планети се многу ретки, се случуваат еднаш на секои 20 години или нешто повеќе, но оваа врска е исклучително ретка заради фактот колку близу ќе се појават Јупитер и Сатурн, вели експертот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега