Малолетници од Велес присвоиле туѓа платежна картичка и во повеќе наврати вршеле плаќања
СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 16.07.2024, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка сопственост на О.Б.(62) и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од 5.640 денари.
02.12.2024 - 16:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа