Брутално насилство во Србија: Малолетници претепале тинејџер со шипки додека чекал такси со девојката

 

Тинејџер Ј. Ј. (19) од Бачка Паланка во неделата, околу три часот по полноќ, бил брутално претепан од четворица малолетници додека со својата девојка чекал такси на клупа.

Бруталното претепување го оставило младиот човек легнат на земјата во несвест, а неговата девојка веднаш ја алармирала итната помош.

„Повредениот се враќал од град со својата девојка, а тие седнале на клупа да чекаат такси да ги однесе дома. Најпрвин им пришле двајца млади, а подоцна дошле уште двајца и брутално и безмилосно го претепале младиот човек со шипки“, изјавил извор за белградските медиуми.

Лекарите во Клиничкиот центар во Војводина на младиот човек му констатирале тешки физички повреди – крвавење на мозокот, скршена клучна коска и затворено едно око.

По хоспитализацијата, тинејџерот е во стабилна состојба, а полицијата ги идентификувала насилниците, кои избегале по нападот.

Според неофицијални информации, станува збор за членови на навивачката група „Фамилија“.

 
13.03.2023 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега