Бугарскиот Роки ист како „оригиналот“: Фалсификаторите го користеле Сталоне за реклама на своите лажни документи

 

Бугарските власти разбиле банда фалсификатори кои го промовирале квалитетот на нејзините нелегални документи и банкноти, покажувајќи лажен бугарски пасош со слика на американскиот актер Силвестер Сталоне.

Обвинителството во петокот обвини четворица Бугари осомничени дека припаѓаат на ланец на организиран криминал, правејќи и дистрибуирајќи лажни бугарски документи и фалсификувани банкноти од американски долари и евра.

Тие четворица биле уапсени откако биле пронајдени печатарски машини и опрема за производство на фалсификувани банкноти и документи при претрес на 30 локации низ Бугарија во заедничка акција со Европол и американска тајна служба.

При претресот на стан во јужниот град Пловдив, полицијата запленила големи количини фалсификувани банкноти во евра и долари, како и лажни бугарски лични карти и возачки дозволи.

„Полицијата исто така заплени бугарски пасош со слика на познат американски актер, кој е користен као примерок на клиентите да им покаже висок квалитет на нивните фалсификати“, се наведува во соопштението на обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2021 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега