Цеца стана баба по вторпат: Богдана се породи

 

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана денеска на 17 април на свет го донесе синот Крстан.

Како што пренесуваат српските медиуми парот веднаш штом дознале дека бебето е момче знаеле дека ќе се вика Крстан.

-Јас така се испланирав. Пред да се роди Жељко и кажав на Богдана дека вториот син ќе се вика Крстан и ете, се случи и тоа, вели гордиот татко Вељко.

Инаку на денешен ден е роден и Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во таа случајност верува и семејството кое е најсреќно на чело со пејачката Цеца која по втор пат стана баба.

Богдана и Вељко првпат станаа родители во јуни 2020 година, а малиот Жељко денес доби брат од кого е постар три години.

17.04.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега