Цртежи од египетска митологија пронајдени на ѕидовите каде беа најдени телата на децата

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела на децата, пишуваат српските медиуми. 

По информациите дека на ѕидовите во куќата каде што беа пронајдени безживотните тела на децата на возраст од една и три години имало симболи од египетската митологија, како и дека полицијата и обвинителството ги истражуваат наводите дека родителите Л.П.С. и М.П.С. кои скокнаа од зграда биле членови на секта, за „Телеграф“ зборуваше и сектологот, Димитрије Пастуовиќ.

Тој се сомнева дека овој случај е наводно еден вид сатанизам кој е поврзан со египетската магија.

„Дај Боже да грешам, но сето тоа е благодарение на социјалните мрежи и платформите каде што многу луѓе ја шират приказната за енергиите, космосот, паганските божества“, вели Пастуовиќ.

Тој додава дека поддржувачите на овие верувања ја шират својата пропаганда и на овој начин успеваат да ја трујат младите луѓе.

„Тоа се злонамерни луѓе, ги шират своите глупости и намерно ги трујат децата. Тоа е зло“, рече тој.

Пастуовиќ напомена дека и претходно предупредувал за „сатанизам“, и дека во иднина ќе има уште такви случаи.

За жал, за да се спречи мора да се донесе закон, државата, црквата, полицијата, сите мора да се вклучат и да спроведат казни, заклучува сектологот.

Повеќе детали за оваа трагедија ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

За потсетување, според пишувањата на српските медиуми, цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите на куќата во Петроварадин каде без затекнати безживотните тела на децата на младата брачна двојка која скокна од облакодерот во Нови Сад.

Според првичните, неофицијални информации, овие откритија ги навеле полицајците да се посомневаат дека Л.П.С. и М.П.С. биле членови на секта. Обвинителството во соработка со полицијата ги проверува овие наводи.

Телата на нивните деца се испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Соседите се шокирани од невиденото злосторство што се случи на овие простори. Како што истакнаа не ни помислиле дека може да се случи ваква голема трагедија.

На повик на полицијата интервенирала екипа на Итната медицинска помош која можела само да констатира смрт.

Двајца станари со кои разговарале новинарите на Блиц, од кои едниот живее на најгорните катови од облакодерот, рекле дека двајцата млади луѓе не се од таа зграда, а излезот на покривот бил искршен и вандализиран.

Третиот сосед вели дека бил на пат за Белград и се вратил во текот на истрагата.

– Сцената беше морничава, се паркирав во близина на зградата и поминав покрај неа, не очекував таква сцена, не можев да заспијам синоќа. Страшно е, моите деца се на таа возраст, се ми помина низ паметот. Станарите велат дека не знаат како двајцата млади влегле во зградата, бидејќи вратата е заклучена – рече тој.

 

03.03.2024 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега