ЦУК: Три „ер трактори“ ќе полетаат кон пожарот на Серта, а потоа ќе се упатат кон планината Огражден

Во државата се уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница. Се интервенира од земја и од воздух при што покрај ангажирањето на армиски и на хеликоптери на МВР, по неколку месеци повторно се ставени во функција и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување откако се надмина проблемот со пилотите. 

Од ЦУК информираа дека три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на планината Огражден во близина на границата со Бугарија.

13.07.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега