Д-р Беќаровски: Причината за фамилијарното труење не е ниту „прсканиот праз", ниту брашното во питата
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2023/10/19/niko.jpg?itok=jhMfjtIt)
„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту "прсканиот праз" ниту брашното во питата“, пишува на ФБ, д-р Беќаровски Нико.
Вели дека инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек.
„Повеќе информации барајте од МВР.
Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“, стои во објавата на д-р Беќаровски.
19.10.2023 - 19:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа