Д-р Војислав Перишиќ тврди: Премногу витамин Ц може да доведе до овие здравствени проблеми

 

За значењето на витамините и дали суплементите можат да ги заменат природните извори на хранливи материи, како и за тоа што е потребно за да се зајакне имунитетот, зборуваше проф. д-р Војислав Перишиќ во емисија на ТВ Прва.

Еве како тој го коментира податокот дека продажбата на суплементи во однос на 2019 и 2020 година се зголемила за 90 отсто.

„Се зголеми продажбата на суплементи, а не на овошјето и зеленчукот. Да разјасниме, суплементи можат да бидат и витамитие, минералите и неветаминските и неминералните материи. Витамините можат да бидат растворени во вода и масти. Во првата група спаѓаат витамините од групата Б, Б1 до Б12 и кај нив не постои можност од предозирање, затоа што се раствораат во телесните течности и се мократ. Големата доза на витамин Ц може да предизвика зголемување на крвниот притисок“, вели д-р Перишиќ и напоменува дека е доволно да се земе една јаболка, еден портокал или една кива дневно за да бидеме „подмирени“ и тогаш не постои потреба за суплементација.

„Ако за салата имаме уште мала порција кисела зелка, ние сме целосно суплементирани и не ни треба дополнителна доза витамин Цза да ни го крене притисокот. Ако ја надминеме дозата на витамин Ц ќе имаме и болки во стомакот и долгорочно гледано - ќе се создаде камен во бубрег“, рекол лекарот.

Многу е подобро витамин Ц да се обезбеди со консумирање на овошје и зеленчук, а не низ суплементи, со тоа се согласуваат сите лекари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2021 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега