Дали љубомората е болна, но неопходна емоција?
Секој од нас барем еднаш во животот бил љубоморен за нешто. Ова чувство е поврзано со стравот да не ја изгубиме саканата личност, но според психолозите умерената љубомора во врската е потребна, па дури може да има и позитивен ефект врз партнерите.
Умерената доза на љубомора може да ни помогне да сфатиме колку вреди личноста којашто ја имаме покрај нас. Меѓутоа, што се случува кога љубомората ги надминува сите граници?
Кога ќе забележиме дека некој флертува со нашиот партнер, може да го сфатиме тоа како да сме направиле добар избор. Може да ни се подобри самодовербата бидејќи ќе видиме дека и други луѓе го посакуваат нашиот партнер. Доколку врската не се темели на доверба, партнерите ќе бидат несигурни и љубоморни.
Љубомората е еден вид страв или сложена реакција на замислена или реална закана дека саканиот објект ќе биде изгубен, велат психолозите. Тие сметаат дека најмногу се љубоморни оние коишто не се способни да сакаат, но и луѓето кои имаат чувство дека партнерот/партнерката не ги сака.
Истражувањата покажаа различни реакции кај мажите и жените кога станува збор за љубомората. Мажите се плашат од секс за една ноќ од страна на нивната партнерка, додека жените повеќе се плашат од емоционално неверство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа