Марихуана, дроилка, пушка и дијаболи: Млад битолчанец си испиша криминална кариера

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во демирхисарско денеска е извршен претрес во селото Ракитница каде во домот на 33-годишен жител се пронајдени дрога и оружје. Приведен е 33-годишениот М.Ш. од Битола со привремено живеалиште во демирхисарското село. 

Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што пронајдени се марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

14.05.2025 - 19:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега