Демири: Сериозна е ситуацијата на клиниката за кардиохирургија
Министерот за здравство Илир Демири демантира дека станува збор за политичка пресметка во однос на разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија. Тој вели дека ситуацијата е многу сериозна и дека треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри.
– Државата се однесува многу коректно, има обезбедено средства од 2011 година да доаѓаат светски познати кардиохирурзи и да нѐ учат нас кардиохирургија. Од 2011 година се три генерации на млади специјалисти кои треба да работат во државна кардиохирургија. Каде се нашите деца кои од 2011 завршиле специјализација кардиохирургија и анестезија наменета за кардиохируршки интервенции. Тоа се 14 години, праша Демири во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа