ЕУ и нејзините членки обезбедија за Украина речиси 169 милијарди евра

 

Европската унија и нејзините членки и обезбедија на Украина 168,9 милијарди евра од февруари 2022 година, соопшти Европската комисија.

Се наведува дека 59,6 милијарди евра се потрошени за воена помош, вклучувајќи го и делот финансиран од Европскиот фонд за мир.

Дополнително, ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија најмалку 17 милијарди евра за поддршка на луѓето кои ја напуштиле Украина.

Од вкупната сума, 3,7 милијарди евра се обезбедени од приходите добиени од замрзнати руски средства.

Во соопштението се додава дека денеска на Украина и се исплатени четири милијарди евра.

 

 

22.08.2025 - 21:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега