Детектор: Граѓаните загрижени – за 5 години корупцијата пораснала уште повеќе
Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека состојбата со начинот на кој функционерите ги трошат јавните пари станува се полоша во последните 5 години, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 31,8% не гледаат некаква промена додека само 9,9% детектирале подобрување.
Според етничката структура, 54,8% Македонци сметаат дека имаме уште полоша состојба со трошењето на јавни пари во последните 5 години додека 7,5% забележале подобрување. 31,8% сметаат дека нема никакви промени. Етничките Албанци се поделени. 32,7% од нив сметаат дека состојбата со трошењето на јавните пари во последните 5 години станала полоша а 31,9% не гледаат промена. 16,3% етнички Албанци сметаат дека трошењето на јавните пари за последните 5 години се подобрило.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа