Детектор: Македонија полошо се справува со кризата од земјите во регионот
Над половина од граѓаните или 51,2% сметаат дека Македонија полошо се справува со недостигот на енергенси поради војната во Украина во однос на земјите од регионот, покажува најновата анкета која за Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања – Скопје.Разлика не гледаат 30,4% од анкетираните а 7,5% сметаат дека земјава подобро се справува од земјите во регионот.
Став делат и 90% од анкетираните земјоделци.
55,4% од граѓаните велат дека мерките за штедење на енергија кои ги воведе владата за да се намали потрошувачката не даваат резултат, додека 37,6% сметаат дека тие имаат ефект. Меѓу граѓаните кои водат бизнис или се самовработени 68,4% сметаат дека ефект од штедењето нема, став кој го делат и сите анкетирани земјоделци.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа