Детектор: Секој трет Албанец смета дека правилно се трошат парите од буџетот – 80% Македонци не се согласуваат со тоа
Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа