Ди Каприо за разговорот со шефот на NASA: „Ми кажа што ќе му се случи на светот наредните пет години“

Актерот Леонардо ди Каприо (47) на промоцијата на филмот „Don't Look Up“ зборувал за проблемот со климатските промени и порачал дека не е оптимист околу развојот на тој проблем.

„Се сеќавам кога работев на документарецот „Before the Flood“, во текот на кој го посетив шефот на NASA кој детално ми објасни што ќе му се случи на светот низ наредните пет години.

Го прашав: Што ќе ѝ се случи на Калифорнија?, на што тој ми одговори: Ќе има огромен број пожари кои ќе уништат безброј стебла, а потоа ќе следат невидени суши и така ширум светот“, раскажал актерот.

Актерот тврди дека занемарувањето на таквите факти од страна на научните заедници е срамота и порачал дека корпорациите треба да дадат свој придонес доколку мислат дека имаат било какво позитивно решение на оваа ситуација.

„Сè се сведува на еволуцијата на свеста на нашите видови и одлучивме да реагираме навреме. Сега експертите дадоа рок од девет години низ кои последиците на климатската криза стануваат сè појасни, пореални и неповратни. Тоа е тоа што ме прави оптимистичен. Светот кој го гледаме денес, со сите овие катастрофи нема да се подобри, само ќе биде полошо“, заклучил Леонардо.

Тој вели дека е горд што е дел од филмот кој настојува да ја прикаже реалноста и да истакне итност на потребите на делување на било кој начин, но смета дека тој напор мора да дојде од приватен сектор, односно од компанијата која произведе 70 отсто од светските емисии.

21.01.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега