Димовски: Тоа што се изгради во времето на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се гледа – што изгради СДСМ за овие 5 години?
Во 5 години, колку што е на власт СДСМ потроши повеќе пари отколку ВМРО-ДПМНЕ за сите 10 години од своето владеење. За 5 години СДСМ ја задолжи многу повеќе Македонија отколку ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Но за 5 години, СДСМ не изгради ништо во споредба со ВМРО-ДПМНЕ кое на Македонија и остави патишта, спортски сали, катни гаражи... вели за детектор поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Но во тоа време покрај Скопје 2014 се градеа автопати, се градеа експресни патишта, се изгради стадионот, спортската сала, булевари, 10 катни гаражи се изградија во Скопје, овие за 5 години ни 1 катна гаража немаат изградено. Јас не го спорам квалитетот или неквалитетот, тука е прашање на вкусови.
Но не беше само Скопје 2014. Театар во Велес се направи, се набавија возови, се набавија противпожарни авиони, се набавија стотина возила за Брза Помош. Средствата ги гледавме. Се градеа училишта, 100 милиони евра се потрошија за набавка на медицинска опрема. Во ред е критиката која што ја кажувавте, во насока дали тоа било неопходно или не било“ – вели Димовски за Детектор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа