Дневен хороскоп: Еден знак го очекува подобрување на финансиите
ОВЕН
Финансиските пресврти ви носат многу стрес и напнатост и чувствувате дека земјата ви се губи под нозете. Ќе имате проблеми во врската заради партнерот кој е нечесен со вас. Ако сте сингл, новото запознавање кое е пред вас носи нова страст и возбуда во вашиот живот. Внимавајте на озборувањата од блиска личност.
БИК
Можно е интересно познанство. Подготвени сте да се свртите кон нови љубовни можности. Ќе имате значително подобрување на финансиите во наредниот период. Следи фаза во која ќе имате многу среќа на ова поле. Ве чека нова деловна можност од која би можеле да извлечете максимум. Внимавајте на интригите.
БЛИЗНАЦИ
Не заборавајте дека не можете да им помогнете на сите, без разлика колку го сакате тоа. На работа ќе мора добро да си го организирате времето ако сакате навреме да завршите со обврските. Во љубовта владее одлична атмосфера. Поминете ја вечерта со партнерот и разговарајте за заедничките планови и цели.
РАК
Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов. Партнерот ќе бара целото ваше внимание нему да му го посветите. Но, вие не можете да бидете деноноќно покрај него. Чувствувате како да ве гуши, бидејќи вие сакате да имате свој простор.
ЛАВ
Вашиот брак/врска е во криза и повеќе не се чувствувате среќно. Пред вас е период во кој ќе бидете склони кон поголеми кавги. Од друга страна пак, ве чека многу добра ситуација кога станува збор за вашите деловни обврски. Може да сметате на професионална и финансиска стабилност. Концентрирајте се на деловните успеси.
ДЕВИЦА
Кога и да сте нерасположени, вие веднаш се фаќате за паричникот. Научете подобро да менаџирате со вашите финансии ако не сакате да ја потрошите целата заштеда. Неконтролираното трошење ќе ви направи проблем. Ако немате контрола кога плаќате со картичка, започнете да плаќате во готовина.
ВАГА
Ќе имате можност да постигнете нов деловен контакт што ќе биде многу важен за вашата иднина. Целосно сте посветени на вашата работа и очекувате наскоро да напредувате. Личноста што ви се допаѓа покажува дека има чувства кон вас. Важно е да се покаже доволно чесност во справувањето со деловните соработници.
ШКОРПИЈА
Денес во финансиските прашања би можеле да се покажете како вистински волшебник, кој може да реши секаков проблем. Сѐ што ќе фатите ќе се претвори во богатство. Додека чекате одговори на некои од порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат. Бидете трпеливи.
СТРЕЛЕЦ
Ќе се борите за да добиете нешто што ви е многу важно, а кое сте го изгубиле во минатото. Без разлика што е тоа, не смеете да покажувате агресивност и да играте нефер. Победувајте со стил. Ако сте во врска, фокусирајте се на вашиот личен живот надвор од неа. Дајте си простор за да си недостасувате еден со друг.
ЈАРЕЦ
Можете да очекувате нов деловен разговор што ќе ви биде важен. Во моментов сте во фаза на криза со партнерот и имате впечаток дека не знаете што да очекувате од него. Слушајте го инстинктот и не барајте вина во себе за секоја ситница. Досега сте биле навикнати за секој проблем во врската да се обвинувате себеси.
ВОДОЛИЈА
Внимавајте, може доцна да сфатите дека сте обземени со сопствените мисли. Време е да почнете да се ослободувате од непотребни грижи и да не ја анализирате секоја можна ситуација. Ќе добиете добри идеи од колегите, а на љубовно поле бидете директни и стремете се кон хармонија, не кон расправии.
РИБИ
Време е да се посветите на проширување на вашата деловна активност и полека да менувате некои работи на подобро. Вие сте свесни колку пропусти има вашиот партнер и без разлика го прифаќате, затоа што навистина го сакате. Ако сте сингл, пред вас е неочекувано запознавање со личност што ќе расте во вашето срце на долг рок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа