Дневен хороскоп: Еден знак ќе доживее голем успех

 

ОВЕН

Иако не сте во потрага за работа, добивате понуда. Доаѓа до подобрување на односот со брачниот партнер. Сметате дека може да ги надминете проблемите. Стабилно здравје.

БИК

Најмногу сте заинтересирани за финансиите. Првенство давате на обврските кои носат најголема и сигурна добивка. Презадоволни сте од односот со партнерот. Сигурни сте во своите емоции. Почнувате да размислувате за брак. Алергии се можни.

БЛИЗНАЦИ

Се наоѓате во необична ситуација. Имате проблеми кои не успевате да ги решите. За вас тоа е нешто ново. Бракот го сметате за стабилен. Партнерот не сака да ве заморува со своите проблеми. Чувствителна глава.

РАК

На работа доаѓа до несогласувања. Со една страна се колегите и вие, а од друга страна надредената личност. Проблем е што неговиот предлог изгледа како губење време. Брачниот партнер е дистанциран. Не наоѓате заеднички јазик. Проблеми со притисокот.

ЛАВ

Ја завршувате соработката со странците и сметате дека сте донеле исправна одлука. Брачниот партнер е нерасположен. Се трудите да дознаете што довело до тоа. Внимавајте на исхраната, стомакот е чувствителен.

ДЕВИЦА

Добивате нова понуда од некогашните соработници. Имате потреба да се грижите за своите деца. Им го посветувате сето слободно време. Партнерот ве доживува како одговорен родител. Променлив притисок.

ВАГА

Ги работите обврските во опуштена атмосфера. Нема никакви тешкотии и се се одвива како што е планирано. Сакате да го слушнете мислењето на партнерот околу идејата да заминете во странство. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Загрижени сте поради финансиите. На работа се зборува дека нема плата, што ви создава стрес. Одржувате контакт со симпатијата која е во странство. Имате впечаток дека далечината е сериозен проблем. Ви недостасува кондиција.

СТРЕЛЕЦ

Во потрага сте по спонзор. Комуникацијата ви е одлична, па без проблеми успевате да најдете пари за својот проект. Размислувате за емотивното минато. Свесни сте од грешките кои сте ги правеле. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Пред вас е успех. Горди сте на својот труд. Многу време и знаење сте вложиле во работа.

ВОДОЛИЈА

Успешно го завршувате работниот проект. Уморни сте, но и задоволни од постигнатите резултати. Партнерот е заинтересиран за потомство. Го интересира дали и вие сте подготвени на таков чекор. Потребно е добро да се одморите.

РИБИ

Ве очекува голем успех кој предизвикува интерес од медиумите. Ви годи нивното внимание. Имате симпатија и подготвени сте за врска на далечина, но симпатијата се двоуми токму поради далечината. Се чувствувате добро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2020 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега