Доколку имате над 40 години овој зачин треба да биде вашиот најдобар пријател: Го забрзува метаболизмот, го регулира крвниот притисок, спречува настанување на канцер

 

Овој моќен зачин ќе го намали чувството на глад, но исто така ќе придонесе во тоа вашиот метаболизам да работи како што треба.

Иако промените во организмот со текот на годините се нормална појава, постои едноставен начин да ја подобрите состојбата на организмот.

Кај жените по 40-та година од животот метаболизмот забавува, па така килограмите многу полесно се зголемуваат.

Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема промена.

Буковецот содржи капсаицин, материја која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а доволно е само прстофат од овој зачин за да се постигне ефектот.

Го забрзува метаболизмот

Докажано е дека капсицинот ја зголемува телесната температура и ги забрзува процесите на варење и губење на маснотии. Храната богата со белковини (пилешко месо, риба) побрзо се вари кога во неа ќе се додаде барем малку буковец. Руските доктори тврдат дека редовното консумирање лута храна во мали количини го забавува и стареењето, но го јакне и имунитетот.

Го намалува чувството на глад

Докажано е дека капсацинот може да го намали чувството на глад што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Бројни истражувања покажале дека капсицинот го намалува и нивото на крвниот притисок.

Го подобрува варењето на храната

Буковецот може да го подобри здравјето на системот за варење на храна, а тоа го намалува ризикот од настанување на канцер на желудникот.

10.09.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега