Докторите предупредуваат: Очигледни знаци дека шеќерот ви го разорува организмот, не ги игнорирајте
Денес е многу честа појавата: Покачен шеќер во крвта. Обратете внимание на некои знаци, за да можете навремено да го регулирате нивото на глукоза во крвта и да спречите појава на оваа болест.
Потребно е да започнете поздраво да се храните, што не значи дека треба да гладувате. Режимот на исхрана за дијабетичари е токму оној кон кој треба и здравите луѓе да се придржуваат.
Неретко се случува во некои семејства да не се внимава премногу на она што се јаде. Денес шеќерите не се внесуваат само преку слатката храна, туку и преку индустриски преработената. Голем број намирници како што е кечапот на пример, имаат голема количина на скриен шеќер.
Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до губење на видот, а во крајни случаи, некои го губат и екстремитетот.
Дијабетесот е болест со која може да се живее и без проблем, доколку редовно се примаат лековите и се придржувате кон правилата за здрава исхрана.
Ова се некои од знаците за зголемено ниво на шеќер во крвта, кои никако не смеат да се игнорираат:
–отекување на нозете: Поради срцеви, бубрежни болести или дијабетес
–силна жед или константен глад: Колку и да јадете, вие постојано сте гладни. Колку и да пиете вода, жедни сте. Проверете го нивото на шеќер.
–Често мокрење: Постојано имате нагон за мокрење, што е чест симптом на дијабетес.
–Може да се јават и: појава на вртоглавица, мачнина, висок притисок или зголемен холестерол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа