Драма во Англија: Ставала вијагра во кафето на колегите

Жена во Англија е обвинета поради сомневање дека ставила здробени таблети вијагра во кафето на своите соработници.

Карен Бил (62) била вработена како чистачка во Енвирограф, фабрика која произведува производи за заштита од пожар во Довер, пишува Гардијан.

Пред неколку месеци, таа била снимена како става и меша непознат прав во кафето што го правела за колегите секој ден, рекоа од Кантербери Краун Корт.

Камерата била поставена по поплаките за кафето што го приготвувала, а работниците се жалеле на чуден вкус, дамки во кафето и кашеста текстура.

На видеото може да се види Бил како носи ракавици и го меша кафето со прсти. Откако полицијата била алармирана, полицајците пронашле две тегли со кафе во кои имало лек за еректилна дисфункција силденафил, кој се продава како бренд Виагра и лек за висок холестерол.

Во канцелариите на две нејзини колешки, сметководителката Катрина Гравенор и секретарката Џин Смит биле пронајдени контаминирани тегли.

Бил ги негира сите наводи и се брани дека само ја проверувала содржината на чашите.

Обвинителството тврди дека количината на употребените апчиња не била доволна за сериозно труење на луѓето, но заклучиле дека Бил имала лоша намера да им наштети на своите колеги, а можеби и на другите работници во фабриката.

26.01.2024 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега