Драма во Боговиње: Мајка претепана од сопствената ќерка
Вчера во 18.45 часот во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане ја лишиле од слобода Д.А.(40) од с.Горно Палчиште, а по претходна пријава од страна на нејзината 70 годишна мајка.
Според пријавата Д.А. во нивната семејна куќа во село Боговиње физички ја нападнала мајка си.
Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.
19.01.2025 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа