Се апсеше и дење и ноќе на повеќе локации во Македонија
Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден апсеше на повеќе локации на територијата на државата.
На 18.01.2025 година во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. (39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.01.2025 година во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.01.2025 година во 00.20 часот на улицата „Железничка“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ч.(27) од Штип. При извршен преглед над патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (19.01.) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (19.01.) во 01.30 часот полициски службеници од СВР Битола на улицата „Кузман Јосифовски“ во Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја.По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (19.01.) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Битола на булеварот „1-ви мај“ во Битола го лишиле од слобода А.М.(33) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа