Драма во Охрид: Дилер проголтал пакетче со кокаин пред полицијата, веднаш пренесен во болница

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед на возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренеле во Општата болница во Охрид стои во соопштението на СВР Охрид.

18.02.2025 - 13:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега