Дрејк ја предводи листата номинирани за БЕТ-наградите

 

36-годишниот рапер е номиниран за седум гонга на претстојната церемонија на доделување награди, вклучително и за најдобар машки хипхоп-изведувач и најдобар машки аренби/поп-изведувач.

Пејачот од врвот на топ-листите, кој издаде заеднички албум со 21 Севиџ во ноември, Her Loss, исто така е номиниран во категориите: најдобра група, најдобра соработка, албум на годината и избор на гледачите.

ГлоРила е номинирана за шест гонга.

23-годишната раперка, чие вистинско име е Глорија Вудс, е меѓу кандидатите за албум на годината, најдобра соработка, најдобар женски хипхоп-изведувач, видео на годината и најдобар нов изведувач.

Сепак, ГлоРила ќе се соочи со остра конкуренција за наградата за најдобар женски хипхоп-изведувач од Карди Би, Кои Лереј, Ијс Спајс, Меган ди Сталион и Ники Минаж.

Наградите БЕТ („Блек ентертејнмент телевижн“) им оддаваат чест на Афроамериканците и на членовите на другите заедници. Победниците ги избираат членовите на БЕТ-академијата, која ја сочинуваат професионалци, новинари и фанови.

09.06.2023 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега