Државата од денеска нема да го наплаќа предвременот менување на сообраќајните, возачките дозволи и патните листови

 

 

Владата одлучи предвременото менување на сообраќајните, возачките дозволи и патните листови да не се наплаќаат до крајот на годината, одлучи Владата.

 

Ова доаѓа откако во изминатите денови настана тотален хаос откако МВР на помалку од 48 часа ги извести граѓаните дека возачките дозволи со „Република Македонија“ не можат да се користат ниту дома, па пратениците вчера мораа да прават законски измени.

 

Вицепремиерот Битиќи на прес-конференција вели дека го задолжиле МВР патните документи да бидат бесплатни од денеска.

 

-Им излегуваме во пресрет на сите после сите различни толкувања, недоразбирања на сите граѓани за да до крајот на годината соодветно постапат и добијат патни исправи или други документи коишто им требаат, а се поврзани со промените на законите коишто направени, рече Битиќи.

 

13.02.2024 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега