Два симптоми кои се занемаруваат, а се ран знак за смртоносниот вирус корона
Светските експерти предупредуваат дека во раните фази на развој на коронавирусот може да се појават два симптоми, на кои секој треба да обрати внимание, а кои повеќето луѓето лесно ги занемаруваат и не се свесни дека се изложени на ризик.
И покрај фактот дека „класичните“ симптоми се сè уште клучните и критичните, важно е луѓето да обратат внимание и на необичниот замор или главоболка. Истражувањата покажале дека раните симптоми на коронавирус се токму главоболка (која се јавила во 82 % од случаите) и замор (кај 72 % од случаите) – ова е заедничко за сите возрасни групи. Сепак, главоболката и заморот не мора да значи дека постои присуство на коронавирус, туку поради нивната застапеност во секојдневието, може да биде и само последица на стрес или пак недостаток на сон.
Токму поради ова, лекарите ширум светот им препорачуваат на луѓето да ја следат состојбата на нивното тело, откако ќе забележат појава на овие симптоми, особено доколку набрзо после истите се појават и клучните симптоми како покачена температура, сува кашлица и промена при сетилата за вкус и мирис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа