Д’Викенд го собори Гинисовиот рекорд и стана најпопуларен музичар во светот

 

 

Канадскиот пејач Д’Викенд стана првиот изведувач што достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“.

Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг.

Имено, 33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика.

Патем, песната Blinding Lights на Д’Викенд од 2020 година е најстримуваната песна на „Спотифај“ на сите времиња, со повеќе од 3,47 милијарди стримови, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Музичарот објави спот за оваа песна на почетокот на 2020 година, а досега е прегледан повеќе од 691 милион пати на „Јутјуб“.

Само два месеца по објавувањето на песната, таа се најде во топ-100 песни на листата „Билборд“.

Неговата песна Starboy е исто така една од најслушаните песни на сите времиња на „Спотифај“.

23.03.2023 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа