Џафери: Можам двапати да ве опоменам, а третиот да ве одалечам од седницата

Талат Џафери ги искара пратениците и Игор Јанушев поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои пратениците си ги упатија меѓусебно.

-Не се согласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ. Јас немам излез можам двапати да ве опомена , а третиот да ве одалечам било кој од вас, затоа не ми држете предавање. Зошто да имаме лупање, во кој парламент иума тепање и луњпање на маса? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене., му реплицираше  Џафери на Јанушев.

По ова збор побара и Димитар Апасиев од Левица кој во неговиот говор бараше власта и опозицијата слободно да зборуваат, како што рече да се раскрлилат во говорите и да не ги прекинува, освен ако не се употребуваат недолични зборови.

- Оставете ги луѓето да се искажат, да учиме од поголемите парламенти. - рече Апасиев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега