Џони Деп: Тврдењата на Херд се сурови и лажни
Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа