Една година по смртта на сопругот, кралицата за првпат во јавноста: Вака изгледа по прележаниот ковид (ФОТО)
Принцот Филип почина минатата година на 99 години, а денешната служба ја слави неговата јавна служба и „долгиот живот проживеан во целост“.
Британската кралицата Елизабета Втор присуствуваше на службата за благодарност за војводата од Единбург, принцот Филип во Вестминстерката опатија.
Претставници на неговите добротворни организации, како и членови на европските кралски семејства присуствуваат на комеморацијата.
Тоа е прв овогодишен настан на кој присуствувала 95-годишната кралица. Таа отпатувала на службата од палатата Виндзор со војводата од Јорк. Ова воедно е и првото јавно појавување на принцот Ендру по разрешувањето на граѓанскиот случај за сексуален напад од САД.
Кралицата имала проблем со мобилноста и морала да се повлече од „Commonwealth“ службата порано овој месец. Исто така, во февруари била позитивна на ковид.
Воведени беа посебни мерки за нејзиниот комфор, вклучувајќи ограничување на службата на 45 минути.
Останатите постари членови на кралското семејство, вклучувајќи го и принц Чарлс и Камила, како и принц Вилијам и Кејт, присуствуваат на настанот.
Принцот Хари, кој бил во правен спор со кралската палата околу обезбедувањето, не допатувал од Калифорнија, каде живее.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа