Една од најдобрите тенисерки на сите времиња откри дека има рак: Од истата болест починала нејзината сестра пред две години
Поранешната американска тенисерка, Крис Еверт, минатата ноќ објавила дека ѝ е дијагностициран рак на јајниците во рана фаза.
„Сакам да објавам дека ми е дијагностициран рак на јајниците во прв стадиум. Многу сум среќна што е откриен навреме и чекам позитивни резултати од хемотерапијата“, напишала 67-годишната Еверт на својот Твитер профил.
„Ви благодарам што ја почитувате мојата потреба да се фокусирам на моето здравје и на лекувањето. Ќе ме видите како се појавувам од дома повремено додека известувам за ESPN од Австралија Опен“, додала таа.
Еверт потоа за ESPN открила повеќе детали за борбата што ја води.
Ракот ѝ бил откриен по превентивната хистеректомија на почетокот на декември, а на почетокот на оваа недела таа го започнала првиот од шесте циклуси на хемотерапија. Нејзината помлада сестра Џејн Еверт Дабин, исто така поранешна тенисерка, починала на 62-годишна возраст во февруари 2020-та година од рак на јајниците.
„Кога одам на хемотерапија, таа е мојата инспирација. Таа ќе ми помогне да го надминам ова искушение“, рекла Крис Еверт.
Крис Еверт во кариерата освоила 18 Грен слем титули, вкупно 157 титули, таа била првата тенисерка во светот, а во 1995-та година била примена во Куќата на славните на тенисот.
https://t.co/LVUsO3QqfD pic.twitter.com/B8WwKxsFmc
— Chris Evert (@ChrissieEvert) January 15, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа