Експерти откриваат на кој начин луѓето најчесто се заразуваат- една навика е посебно ризична

 

 

Коронавирусот се пренесува преку капки, воздух, па и преку измет, а сега експертите откриваат на кој начин луѓето најчесто се заразуваат.

Експертите велат дека со коронавирусот може да се заразите и преку контаминирани површини, но дека тоа не е така вообичаено. Главен виновник за ширење на заразата е блиска интеракција со луѓе на подолг временски период. Непроветрени простории, како и места на кои луѓето гласно разговараат и пеат исто така се ризични.

Но, вирусот, според научниците, најчесто се шири со близок физички контакт, поради што препорачуваат да избегнувате држење за рака, гушкање, бакнување, стоење многу близу до некого. Особено е тешко за луѓето на Балканот да го почитуваат тоа затоа што сите сме навикнати да се поздравуваме кога се среќаваме со оние кои ги познаваме, без разлика дали се ракуваме, гушкаме или ја бакнуваме таа личност …

„Вирусот се пренесува во издишани респираторни капки и е присутен во секрецијата на назофарингеалот. Може да преживее и на кожата, на пример на прстите и под ноктите. Може да влезе во телото преку очите, носот или устата“, вели д-р Дебора Ли.

За време на близок физички контакт, пренесувањето на коронавирусот може лесно да се случи преку контакт со респираторни капки, кои можат да „влезат“ во очите, носот или устата на друго лице. За да се спречи ова, многу е важно да се задржи физичката оддалеченост и да се носат заштитни маски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега