Експертите ја објаснија појавата наречена „ковид рака“- регистрирани се повеќе случаи

 

Случаите на таканаречената "ковид рака" се појавува сè повеќе, бидејќи некои вакцинирани лица доживуваат црвенило и оток на раката, неколку дена по вакцинирање со првата дозапротив коронавирусот.

Американското здружение на дерматолози отвори регистар за здравствени работници со цел да ги разберат „дерматолошките манифестации“ на ковид, објави здружението.

Д-р Елизабет Хаусменд, дерматолог од Тексас, за локалниот весник телевизија KXAS изјави дека отокот и црвенилото може да траат неколку дена по вакцинирање, што значи дека се јавува имунолошки одговор, објави Њујорк пост.

„Не е пријатно, но не би ја спречиле вакцината заради ова“, рече таа.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на својата веб-страница објавија дека вообичаени несакани ефекти се болка и оток на местото на убодот, а некои добиваат треска, слабост или главоболка.

ЦДЦ советува да се постави чиста, ладна крпа на местото на убодот и препорачува да се вежба со таа рака за да се намали непријатноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега