Ерик Клептон нема да настапува на места каде бараат доказ за вакцина

Славниот музичар и легендарен гитарист Ерик Клептон нема да настапува на места каде е потребен Covid Pass, откако премиерот Борис Џонсон најави дека луѓето кои одат во ноќни клубови мора да презентираат потврда за вакцинација против Ковид-19.

„По најавата на премиерот во понеделник на 19 јули, чест ми е да дадам своја најава“, наведува Клептон во својата изјава објавена на официјалниот прифил на архитектот, филмски продуцент и анти-ваксер Грацијадеи.

„Би сакал да кажам дека нема да настапам на ниту една сцена каде што има дискриминирана публика,“ пишува британскиот виртуоз на гитара. „Освен ако не е предвидена одредба за присуство на сите луѓе, го задржувам правото да го откажам настапот.“

Веста ја следи најавата на британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот дека како што се укинуваат ограничувањата за собири,ноќните клубови мораат да бараат од гостите да покажат Covid Pass од Националната здравствена служба на Велика Британија при влегување. Ова ќе важи за сите лица постари од 18 години.

Макфакс

22.07.2021 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа