Есплодираше стан во Атина - загина една жена
Еден маж загина, а една жена е тешко повредена во експлозија во стан во Атина, а истрагата за случајот ја презеде антитерористичката единица на полицијата.
Еден од официјалните лица изјави дека е ангажирана антитерористичката единица на полицијата поради сомневање дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.
Експлозијата предизвикала голема материјална штета во станбена зграда во областа Ампелокипи, јавува Ројтерс.'
Пожарникарите ја евакуирале повредената жена и ја пренеле во болница.
Според грчкиот портал Прототема, тешко повредената млада жена е веќе позната.
Во истрагата пронајден е пиштол со девет куршуми, кој е предаден во форензички лаборатории за да се утврди дали е употребен во кривично дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа