ЕУ започнува преговори за безвизен режим со Ерменија
Европската комисија соопшти дека започнува преговори со Ерменија за воведување на безвизен режим, кој ќе овозможи граѓаните на Ерменија да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена, објави Еврокомисијата.
Преговорите доаѓаат по напредокот во билатералните односи, започнати во 2017 година, со Спогодбата за севкупно партнерство и соработка. Ќе се вршат промени во документите на ерменските граѓани и подобрувања во управувањето со границите и миграцијата.
ЕУ воведе поедноставен визен режим за Ерменија во 2014 година, но безвизното патување нема да биде автоматско, се вели во соопштението на Комисијата. Преговорите ќе продолжат сè додека не се исполнат сите критериуми, а конечната одлука ќе биде на Советот на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа