Фала за ајварот: Што порача Шерифовиќ по концертот во Скопје

 

Марија Шерифовиќ вчера ја наполни скопската сала „Борис Трајковски“, а присутните на цел глас ги пееја нејзините песни и уживаа во атмосферата.

По концертот, пејачката ѝ се обрати на публиката преку социјалните мрежи коментирајќи дека не се почувствувала така од концертот во 2018 година.

„Македонија. Македонци. Што ми направивте? Мислев дека не може подобро по концертот во 2018 година. Кога ете. Ви благодарам за вашата љубов. Ви благодарам за секој испеан стих. Фала ви што бевте погласни од мене и од бендот. Фала за ајварот. Фала за насмевките. Ви ја дадов душата и зедов малку од вашата. Да си понесам. Да ме лечи. Синоќа ви кажав сѐ! Бидете добро. И знајте дека мирниот сон нема цена. Македонијо, ве сакам!“, рече Шерифовиќ.

 

11.11.2024 - 18:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега