Фејсбук воведува голема промена за корисниците

 


Вертикално снимените видеа се многу популарни и сеприсутни, па така во апликацијата Фејсбук приказот на сите видеа стандардно ќе биде вертикален, додека хоризонталната ориентација ќе стане исклучок.


Од одбивноста кон вертикалното видео, некогаш неприроден формат кој не беше прилагоден на мониторите и телевизорите, дојдовме до точка кога тие стануваат стандард, бидејќи се приспособени на телефони – и сите други формати мора да се прилагодат на него.

Со воведувањето на содржините на Stories и Reels, оваа недела беше најавен уште еден чекор во истата насока: нов видео плеер во рамките на мобилните апликации, ориентиран првенствено кон вертикално видео. Фејсбук на iOS и Android ќе добие унифициран интерфејс за прикажување видеа, во кој ќе се прикажуваат Reels, подолги видеа и преноси во живо, а заедничко за сите ќе биде тоа што дисплејот ќе биде стандардно – вертикален.

Отворањето видео ќе го стартува плеерот на цел екран, а допирање на екранот ќе ги активира познатите контроли за „премотување назад“ или запирање на репродукцијата. Во случај да започнете видео што е снимено хоризонтално, тоа ќе се прикажува и во вертикална ориентација, па не во полн сјај, додека не го ротирате телефонот за 90°. Од Facebook велат дека заедно со новиот интерфејс ќе дојде и нов систем за препораки, кој ќе препознава каква содржина би сакале да гледате, врз основа на претходно прегледани видеа. Така, препораките треба да станат порелевантни за секој поединечен гледач, односно да привлечат поголем број прегледи на интересни содржини.

Промените постепено ќе се применуваат на мобилните апликации на Фејсбук, почнувајќи од американскиот пазар, во текот на следните месеци.

09.04.2024 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега