Филипче: Мицкоски лажеше за поткуп, нема никаква истрага


На денешната прес-конференција за 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.
 
„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче. 
 
На прес-конференцијата, Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата. 
 
„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
01.10.2024 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега