Филмска кражба во Ново Лисиче: Им влегол со пиштол на фармацевтите, па им ги украл парите

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.09.2024 во аптека во населба Ново Лисиче во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Набргу бил фатен, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

24.09.2024 - 17:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега