ФК Вардар се враќа на Градски, клубот ги кани сите на денешниот тренинг

Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !

Од клубот ги канат сите денеска во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).

По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски Фудбалски Бренд. Вардар е Клуб на Народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, Клубот на Народот ве очекува, велат од ФК Вардар

30.06.2023 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега