Формирана работна група за реформи во изборното законодавство - познато кој ќе раководи со нејзе

 

Формирана е работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик, соопшти денеска Министерството за правда.

Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

- Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за правда. 

18.04.2023 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега