Ристов до струмичкиот градоначалник: Доста измислуваш - почни да работиш
Наместо да праќа обвинувања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и неговиот претпоставен Венко Филипче да научат што е надлежност на локалната власт, а што на централната власт предводена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Владимир Ристов, Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица.
„Реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле со булеварско решение не ја кочи ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно со потпишаната Спогодба Општина Струмица е задолжена да обезбеди пристап до сите постоечки објекти на оваа делница, а од Општината имаат обезбедено пристап само до дел од објектите.
За да се реши проблемот беа одржани повеќе состаноци за кои има и докази, а на кои состаноци беше присутен лично и Костадин Костадинов.
Воедно, да ги информираме, неинформираните, Јавното претпријатие за државни патишта за реконструкција на делницата Струмица-Дабиле постапува согласно Законот со одредбите за Законот за градење и останати правни норми. Проектната документација е изработена согласно Законот за градење и претставува целина од мeѓуceбно усогласени проекти, елаборати и анализи. Основниот проект со кој е дадено техничкото решение на градба и нејзината поставеност во локацијата е изработен врз основа на инфраструктурниот проект согласно закон.
Инфраструктурниот проект е ревидиран од овластена институција, Градежениот факултет и е одобрен од страна на Општина Струмица.
Наследени пречки имаше само во делот на имотно правните односи кои се решени пред десетина дена за што се создадени услови за почеток на градежните активности. Тим на јавното претпријатие веднаш беше на терен и испрати покана до Општина Струмица. Општина Струмица не се одзва на поканата.
Оттука, СДС и Костадин Костадинов да почнат да работат и да си ја гледаат својата работа, а не да прават конструкции како некој не работи“, нагласи Ристов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа