Форумот на жени на СДСМ ја донираше помошта за Турција и Сирија преку Црвениот Крст

 

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска во магацинските простории на Црвениот Крст ја предаде собраната хуманитарна помош во обувки, облека, детска храна, душеци, јорганчиња и финансиски средства за дечињата погодени во катастрофалните земјотреси од Турција и Сирија.
 
„Последиците од катастрофалните земјотреси се огромни и сите ние сочувствуваме со народот на пријателска Турција и со сите погодени од двете земји. 
 
Солидарноста, хуманоста и помагањето се темелни вредности на социјалдемократијата и принципи на делување на Форумот на жени на СДСМ."-стои во соопштението.
20.02.2023 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега