ФОТО: Алкохолот ја уништи - од некогаш најубавата жена на светот денеска нема ништо

 

Карла Бруни (52) беше еден од најпознатите топмодели, рамо до рамо со Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста. Таа е пејачка и текстописец и денес снима албуми, а повремено се појавува на престижни модни ревии.

Минатата недела се појави на ревијата на „Балмејн“ во рамките на Модната недела во Париз.

 

Карла, инаку, е сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози од 2008 година.

Италијанката порано ја красеше неверојатна убавина, но за жал, подлегна на бројни естетски операции, ботокс и слично, поради што денес е видно изобличена. Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британскиот „Телеграф“, во кое зборуваше за карантинот со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.

– Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот пиејќи алкохол, готова сум, мртва сум. Не знам како да бидам умерена – рекла Карла Бруни, додавајќи дека во текот на карантинот успеала да го надмине овој проблем.

До својата 20-та година, Карла Бруни беше меѓу 20-те најдобро платени модели во светот, а заведе многу познати и постари мажи. Таа беше со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнуваа по неа.

Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел за време на првата средба во 2007 година. Се шпекулираше дека таа го завела и Доналд Трамп.

За нејзината убавина се зборуваше, а каде и да се појавеше, привлекуваше големо внимание. Во желбата да го задржи младешкиот изглед, Карла претера со естетските зафати, па сега многумина велат дека ја изгубила убавината.

Покрај тоа, прекумерното консумирање алкохол остави трага на нејзиното лице.

<p>Nekada je nestvarnom lepotom plenila, danas Karla Bruni ne liči na sebe</p>

05.10.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега